
Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола организираше логорување каде беа присутни голем број на млади кој се натпреваруваа во спортски натпревари и се забавуваа, по тој повод претседателот на УМС ВМРО ДПМНЕ Битола, Мартин Ивановски ги пренесе своите импресии.
Ние сме воодушевени од одзивот и одличната атмосфера која се создаде на настанот. Нашиот целосен фокус беше на игрите и забавата, но и на поддршка на младите кои се предани да работат за подобро утро за сите нас, порача Ивановски.


Викендите се период од неделата каде сите сакаме да се ослободиме од обврските и да уживаме. Нема подобар викенд од тоа да е поминат со најблиските, во забавна атмосфера.

За таа цел, како Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола организиравме логорување, каде викендот уживавме покрај водите на Преспанското Езеро, на плажата во с. Стење.
Ние сме воодушевени од одзивот и одличната атмосфера која се создаде на настанот. Нашиот целосен фокус беше на игрите и забавата, но и на поддршка на младите кои се предани да работат за подобро утро за сите нас, стои во соопштението на УМС ВМРО ДПМНЕ Битола.