👁️  26

„За да ја носите таа титула Скопје „Европски град на културата“, морате да ги исполните сите услови кои што ги бара таа титула. Вие мора да бидете многу подготвени за тоа. А, ние не видовме наназад долги години барем една иницијатива што ќе го подобри културниот живот на скопјани. А, надежта е дека во тој период ВМРО-ДПМНЕ ќе биде на власт, па така ќе можеме да се надеваме на повеќе културни проекти“, истакна Зоран Љутков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во утринската емисија на радио „Лидер“.

Љутков рече дека тоа не е само иницијатива на Град Скопје, се знае дека и тие конци ќе ги влече и министерството за култура.
„Во 2028 година ќе бидат централните настани во Скопје. Но, ние мора инфраструктурно да се подготвиме за да ги дочекаме сите проекти. Една од важните работи е што ние во моментов немаме концертна сала“, нагласи тој.

Тој посочи дека се кратат капиталните инвестиции во културата, буквално ќе стасаат и до нула.

„Еве сега има, не го викаат ребаланс туку прераспределба на средства. Значи ќе нема ниту една капитална инвестиција“, рече Љутков.
Љутков укажа министерството за култура нема пари за капитални инвестиции, се што доаѓа од Буџетот оди само во плати.

„Мислам дека за „Европски град на културата“ до избори нема ништо да слушнеме од министерството за култура со каква динамика ќе се подготвуваат“, појасни тој.