👁️  12

Со доаѓањето на Лионел Меси во САД, фудбалот доби посебна популарност. Според најавите, Интер Мајами речиси сигурно нема да биде последниот клуб за Меси.

Аргентинецот откри каде сака да заигра пред да се пензионира.

„Отсекогаш сум сакал да заиграм за Њуел Олд Бојс. Тоа послебно ми стана желба откако го освоив Светското првенство во Катар. Би сакал да уживам во аргентинскиот фудбал, да играм за тимот кој го гледав кога бев мало дете. Сон ми е да заиграм за нив“, рече Меси кој како дете започнал во академијата на Њуел Олд Бојс, за да како 13-годишен тинејџер замине во Барселона и потоа го покори фудбалскиот свет.