👁️  887

Естрадниот магазин „Бекстејџ“ го прослави својот 15. роденден и по тој повод им додели награди на македонските јавни личности во неколку категории.

Телевизиската водителка Лила Филиповска ја доби наградата „Водител на годината“. Со објава на Инстаграм, таа им се заблагодари на „Бекстејџ“ за признанието и проговори за „животните бури“ низ кои поминала во изминатиот период.

„Лесно е да го држиш кормилото кога морето е мирно. Сите овие години, јас поминав низ многу бури, но ги преживеав и сега сум посилна. Нека потрае моето мирно море, како и моите ‘Трајни вредности’ според естрадниот магазин Бекстејџ. Нека ни се множат годините и признанијата“, напиша Лила на Инстаграм.

Лила, омилената телевизиска личност на македонската јавност, неодамна наполни 51 година и во таа прилика сподели дека „остава претешка година зад себе“.

„Вечерва облеков фустан во бела боја… Вечерва го славам животот, љубовта и мојот роденден. Оставам зад себе една тешка, претешка година која ме научи да го славам секој ден како да е роденден, да го почитувам секој момент и да бирам пријатели кои за мене би го направиле она што и јас за нив! Научив дека секој ден е борба и дека со добра мисла секој проблем е решлив. Овој ден е мој ден, овој ден е мојот роденден“, напиша тогаш Лила на Инстаграм.