👁️  2567

Меѓународниот ланец на супермаркети „Лидл“ објави конкурс за вработување. Се бараат продажен специјалист, сметководител, бренд стратег, специјалист за човечки ресурси.

Како што може да се види од огласот, се бараат универзитетски образовани луѓе кои ќе ги постават темелите на команијата во Македонија, како во однос на рекламирањето на „Лидл“, така и во однос на избор на кадар што ќе работи во маркетите.

Од „Лидл“ се уште не открија детали колку продавници ќе има во Македонија и каде ќе бидат лоцирани. Единствено што официјално беше објавено е дека компанијата се интересирала за локација во скопска Кисела Вода.

„Лидл“ работи со околу 11.200 продажни објекти во 32 земји ширум светот, вработувајќи повеќе од 310.000 луѓе на глобално ниво.