👁️  12

Либанската армија денеска соопшти дека употребила солзавец врз израелските сили како одговор на димните бомби што Израелците ги фрлиле во регионот Бастра во јужен Либан.

„Израелските непријатели ја нарушија линијата за повлекување и фрлија димни бомби врз патрола на либанската армија“, се вели во соопштението на либанската армија.

Се додава дека либанската армија одговорила на нападот со солзавец, принудувајќи ги израелските сили да се повлечат на окупираната палестинска територија.  (МИА)