👁️  96

Членот на македонската женска сениорска ракометна репрезентација Леонида Гичевска следната сезона ќе ги брани боите на Стинта Букурешт од Романија.

Леонида Гичевска настапуваше во Франција за екипата на Безансон.Во Франција играше и за тимовите на Ле Пузен и Самбре Авенуа, а во нашата земја беше дел од ЖРК Вардар, ЖРК Металург и ЖРК Куманово.

Пред да се врати на француско тло, го носеше дресот на хрватскиот клуб Локомотива Загреб со кој запиша настапи во Лигата на шампионите.