👁️  82

ДКСК го распрсна меурот од лаги на СДС за синот на претседателот Мицкоски, утврдено е дека не патувал во САД на буџетски трошок, истакна на денешната прес-конференција Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Наодот на ДКСК дека синот на претседателот Мицкоски не бил во САД на трошок на државата ги извади на површина сите плитки обиди на СДС да креираат лажна фама.

Што добија социјалдемократите? Само неколку неделно креирана политичка магла. А што доби народот? Можеше да види дека во СДС ништо не се сменило. Кој е највеќе оштетен? Синот на Претседателот Мицкоски, кој неосновано без никаква причина беше подлежен на канонада навреди и клевети инструирани од СДС.

Мора да потенцираме дека синот на претседателот не го придружувал на ниту една официјална средба и не бил сместем во истите хотели во кои била сместена владината делегација.

СДС лажеше и свесно креираше меур од лаги, кој сега се распрсна и може да се види колку се мизерни, безидејни и деструктувни.

СДС наместо да биде конструктивна опозиција, тие четири месеци поминаа во лаги и манипулации.

Бараме од СДС јавно да се извинат и да запрат со манипулациите и лагите. Народот од нив очекува барем грам одговорност. Извинување веднаш, побара Лефков.