👁️  19

Доколку сакате вистински летен десерт кој е лесен и освежувачки, ви предлагаме да ги направите овие ледени коцки со праски.

Потребни состојки:

– 200 гр. пишкоти
– 200 мл. млеко

За фил:

– 500 мл. слатка павлака
– 100 гр. шеќер во прав
– 200 гр. праски

За декорација:

– 300 гр. праски
– 250 мл. вода
– 15 гр. желатин

Начин на подготовка:

Потопете ги пишкотите во млеко и наредете ги во тава со големина 25х30 центиметри.

Слатката павлака изматете ја со шеќерот во прав, па додајте ги ситно исечканите праски на кои претходно ќе им ја отстраните лушпата. Откако сето тоа добро ќе го измешате, ставете го филот врз пишкотите.

Исечете ги останатите праски на парчиња и наредете ги врз филот. Помешајте го желатинот со вода и оставете го да отстои 10 минути, а потоа истопете го на оган и со него прелијте го овошјето.

Ставете го колачот да се лади во фрижидер околу 3 часа.