
Тренерот на РК Алкалоид Кирил Лазаров изјави дека Војводина заслужено победи на овој меч бидејќи беше подобар ривал, а Алкалоид не ги искористи своите шанси.
„Зборував и вчера во најавата дека Војводина е подобар тим. Тие денеска заслужија да победат, беа подобри и сакам да кажам дека се десет пати едноподруго шампиони на Србија, а тоа значи многу. Ќе бидат подобри и подобри. Не сум задоволен од мојот тим, бидејќи ако промашите пет пенали во еден сериозен меч, не знам што повеќе да кажам. Промашивме вкупно 21 шут и пет пенали, а со тоа е невозможна мисија да се победи против тим како Војводина“, изјави Лазаров на прес-конференцијата.
Алкалоид не успеа да реализира пет пенали во текот на мечот кој заврши 26:31, но притоа домашните ракометари не реализираа и уште неколку зицери.
– Јас и на пресот пред натпреварот нагласив дкеа Војводина е подобар тим од нас. Тоа го потврдија денеска и заслужено победија, затоа им честитам. Тие десетпати по ред се шампиони на Србија и тоа говори доволно за нив. Искрено, не сум задоволен од играта на мојот тим, кога ќе промашиш пет пенали и низа зицери на вака сериозен меч во Европа, невозможо е да барате победа против тим како Војводина. Сега следат денови за анализа, се надевам дека ќе бидеме подобро подготвени на следниот меч. Денеска проблемот не беше во одбраната, туку во нападот. Не најдовме одговор за нивната зона, а вакви работи ни се случуваат и во домашното првенство. Мора да работиме на реализацијата, не можеме да промашуваме толку зицери, – изјави Лазаров.