👁️  26

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска преку статус на Фејсбук пишува дека денеска се одржало работен состанок на тема „Поврзаноста на Националната развојна стратегија со просторно планирање и регионален развој“.

-Работен состанок на тема: Поврзаноста на Националната развојна стратегија со просторно планирање и регионален развој.

Денес, заедно со претседателот на комисијата за транспорт, врски и екологија, Владо Мисајловски ,како и колегите членови на комисиите за локална самоуправа и комисијата за транспорт, врски и екологија имавме работен состанок со гости од Владата на Шкотска, Британска амбасада, УНДП, МАНУ, ОН, експерти од НРС на кој разменивме искуства во врска со прашања за регионалниот развој и просторно планирање.

Се надевам дека дискусиите од овој состанок ќе дадат значаен придонес во изработката и реализацијата на Националната развојна стратегија на Р. Македонија, стои во нејзиниот пост на Фејсбук.