Северна Кореја денеска лансирала балистичка ракета со краток досег кон Жолтото море, меѓу Кина и Корејскиот полуостров, соопштила војската на Јужна Кореја.
Лансирањето се случило откако Северна Кореја во вторникот соопштила дека секој потег за соборување на еден од нејзините пробни проектили ќе се смета за објава на војна и ги обвинила заедничките американско-корејски воени вежби за растечките тензии.
Ким Јо Јонг, сестра на лидерот Ким Јонг Ун, во соопштение предупредила дека Пјонгјанг ќе сфати како објава на војна ако САД преземат воена акција против тестирањето на стратешко оружје.
Таа исто така најавила дека Северна Кореја би можела да лансира повеќе проектили во Тихиот океан.
Проектилот бил лансиран во околу 09:20 по средноевропско време, во близина на Нампоа во Северна Кореја, се наведува во соопштението.
САД и Јужна Кореја за следната недела најавиле воена вежба позната под името „Штит на слободата“.