Суперталентираниот фудбалер Ламине Јамал официјално го продолжи договорот со Барселона до 2026-тата година.
Актуелниот договор на 16-годишниот фудбалер истекуваше следното лето, но тој и неговиот агент од претходно имаа ветено дека ќе го продолжат договорот.
Со оглед на тоа дека Јамал има само 16 години, тој може да потпише максимум на три години, но кога ќе наполни 18 години ќе го продолжи договорот со “каталонскиот“ гигант до 2030-тата година и тогаш ќе добие милионски договор. Откупната клаузула за талентираниот фудбалер изнесува една милијарда евра.