👁️  222

Грузискиот фудбалски репрезентативец Хвича Кварацхелија проговори за својот сон да ја освои „Златната топка“.

-Доаѓајќи од толку мала земја, беше тешко да се замисли сето ова, така што чувствувам дека ако се вложите во она што го правите, вашата жртва ќе се исплати. Јас, како и сите други, сонувам да ја освојам Златната топка еден ден, изјави Кварацхелија.

За фудбалерот на Наполи прв фаворит за престижната награда која се доделува на фудбалерот на годината е Лионел Меси.

Церемонијата на доделување на Златната топка ќе се одржи во Париз на 30 октомври.