По натпреварот своите првивпечатоци ги сподели и капитенот Филип Кузмановски.
„Треба да бидеме среќни, знаевме што ни следи со Словачка и максимално бевме спремни за овие 120 минути. Во ниеден момент не го потценивме ривалот и затоа сега се радуваме на уште едно првенство“, изјави Кузмановски.
Според Кузмановски, оваа генерација има јасна цел и амбиција да остави трага.„Оваа генерација има зацртано своја цел, ќе чекориме кон неа со напорна работа да си ја оствариме. Оваа генерација треба да остави еден белег и горд сум на момците. Цела сала беше повторно полна и тоа го заслужуваме. Покажавме дека вредиме, дека имаме квалитет. Секогаш кога ќе играш пред полна сала си мотивиран, така беше и сега“, истакна македонскиот репрезентативец.







