👁️  26

Бразилскиот фудбалер  Куеињо ги одби понудите од Европа и реши оваа сезона да настапува во Катар, во клубот Ал Духаил.

Астон Вила и Ал Духаил постигнаа начелен договор за позајмицата, ги пеглаат последните детали по што трансферот и официјално ќе биде објавен.

Се работи за едногодишна позајмица, платата во целост ќе ја покрие катарскиот клуб.

Кутињо уште пред 10 дена ја прифати нивната понуда, а во меѓувреме ги одби Бешикташ и Бетис.