👁️  5

Самоопределување не се меша во изборите во Македонија. Mоже да дадеме поддршка на одредени политички субјекти, но таква партија не е регистрирана во Македонија, изјави косовскиот премиер Албин Курти.

Курти, говорејќи за средбата во Скопје, истакна дека таа нема врска со Отворен Балкан, туку со Европската Унија. „Отворен Балкан не е доволно европски, додека отворена Европа е доволна за Балканот. Отворениот Балкан нема правила и финансирање на ЕУ“, додаде тој.

Курти оцени дека целта на планот за раст е да се искористи слободниот пазар пред влезот во ЕУ.