Селекторот на турската репрезентација Штефан Кунц ќе ја напушти функцијата, објави новинарот Николо Шира.
Според Шира, Турската фудбалска федерација веќе донела одлука за крај на соработката со 60-годишниот Германец, кој ја води репрезентацијата од септември 2021 година.
На 8 септември Турција одигра нерешено со Ерменија (1:1) во квалификацискиот натпревар за ЕП 2024 година. На 12 септември, тимот загуби од Јапонија (2:4) во пријателски натпревар.
Како главни кандидати за наследник на Кунц на селекторската позиција, во турските медиуми се појавија имињата на Јоаким Лев и Виченцо Монтела. (МИА)