👁️  509

Цената на кубик огревно дрво достигна 5.300 денари во Скопје, а во остатокот од земјата се движи од 4.500-5.000 денари, објави порталот САКАМ ДА КАЖАМ (СДК.мк).

Освен драстично зголемената цена, која е за 70 отсто повисока од лани, тешко се наоѓаат дрва за огрев на приватните плацеви, а и шумските стопанства ги стопираат испораките.

„Секоја нова тура од добавувачите е за 100-200 денари поскапа. Плус, не можеш да најдеш работници за сечење и товарање, а и тие што ги има бараат сè повеќе пари. На крај, повеќе пари одат за работници, отколку за плацот“, вели сопственик на плац за огревни дрва во околината на Скопје.

Во Штип, кубик огревно дрво сега се продава за 4.500 денари, но ако се додадат трошоците за сечење, цепење и редење на дрвата, крајната цена на огревното дрво веќе изнесува 5.000 денари.