Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против О.Ц.(26) од Австрија, со привремен престој во с.Октиси, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 09.08.2025 во Струга, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.






