👁️  299

Македонија ја добива првата транша од 110 милиони евра од последното одобрено задолжување кај Меѓународниот монетарен фонд од 530 милиони евра  преку Инструментот за претпазливост и ликвидност (ПЛЛ), објави Министерството за финансии.

Претходно Одборот на директори на ММФ го одобри заемот за Македонија во рамки на Инструментот за претпазливост и ликвидност.

Според министерството, средствата се за справување „со шокот кој доаѓа од надвор, за поддршка на граѓаните и компаниите и стабилност во снабдувањето со храна и енергенси“.

Овие 110 милиони евра ќе бидат повлечени веднаш и ќе се користат до крајот на оваа календарска година, а следната транша од 155 милиони евра ќе се користи во текот на 2023 година. 

Од министерството додаваат дека останатиот дел се обезбедуваат само како превентива и резерва на земјата.