👁️  40

По задржување на костурот на тимот на Кожув и ангажманот на неколку странски кошаркари, како и поранешниот репрезентативец Димитар Караџовски, денеска прволигашот ја потврди соработката со три нови имиња.

Станува збор за доскорешните кошаркари на МЗТ Скопје, Димитар Пандев и Дарио Митевски како и младиот талент Павел Иванов.

Пандев и Митревски во шампионската сезона на МЗТ Скопје забележаа скромен учинок. Центарот настапи на 24 натпревари во Прва лига бележејќи просек од 5.8 поени и 3.8 скокови, додека бекот одигра осум натпревари на кои постигна просек од 1.4 поени по натпревар.