👁️  131

Се чинеше дека Илија Несторовски во следната сезона ќе игра за Тернана, но пред да потпише за овој клуб, на негова адреса стигнала многу побогата понуда од Козенца.

Италијанскиот новинар кој работи за „Скај Спорт“, Џанлука Ди Марцио објави дека се случил пресврт во ситуацијата на Несторовски и сега Козенца е фаворит пред Тернана.

Несторовски веќе имаше прифатено понуда од Тернана за едногодишен договор кој автоматски би се продолжил за уште една сезона доколку се остварат тимските цели. Тој требаше да игра за плата од 200.000 евра плус многу бонуси за индивидуални и тимски цели.

Сепак на маса стигнала подобра понуда од Козенца и голема е веројатноста дека македонскиот напаѓач ќе ја прифати таа.