👁️  75

Тројца патници на насуканиот брод за крстарење „Оушн Експлорер“ се заразени со коронавирус, соопшти денеска операторот со бродот Аурора експедиции.

Луксузниот крузер се насука на Гренланд, а на него има 206 луѓе.

Информациите за заразените беа објавени по третиот неуспешен обид за ослободување на бродот, откако друг брод вчера се обиде да го извлече крузерот за време на плима.

На почетокот на оваа недела, бродот за крстарење имаше два неуспешни обиди да исплови при висока плима.