Полека се враќа ентузијазмот кај нашите граѓани, сите се приклучуваат на идејата за Твоја Македонија и сите ни се приклучуваат на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3.
Со Платформата 1198 планираме да го развиваме истокот на Република Македонија, планираме изградба на Клиничката болница во Штип, планираме обиколница околу нашиот Штип и секако планираме физибилити студија, изработка на проект за поврзување на Штип со Струмица.
Како што работи успешно нашиот градоначалник во Штип, така планираме да работиме и ние на централно ниво.








