

Цената на струјата по Нова година ќе се зголеми, изјави за ТВ 24 првиот човек на ЕСМ, Васко Ковачевски. „Рестрикции на струја не се опција“, тврди тој.
Вели дека пред нас е една од најтешките зими за период од 70 години. Ковачевски кажа дека располагаат со ограничени ресурси, ги спомена количините на јаглен, квалитетот, хидрологијата.