![](https://analitikum.mk/wp-content/uploads/2023/09/dimitar-kovacevski-bsyfES.jpeg)
Претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски, утре (вторник) 5 септември 2023 година, ќе учествува на Талински дигитален самит 2023 во Естонија.
Ковачевски ќе се обрати на отворањето на Самитот, каде ќе учествуваат лидери на држави, претставници на ЕУ, телекомуникациски и tech компании и граѓански организации.
Клучните теми на кои ќе се разговара на Талински дигитален самит 2023 се предизвиците и можностите во дигиталната ера, како и освежување на агендата на демократијата и технологијата, исцртувајќи го патот кон посилна отпорна, респонзивна и отворена иднина. Целта на Самитот е суштински придонес кон глобалниот дискурс околу градењето на отпорни модерни демократии.
Во рамки на учеството на Самитот, предвидено е претседателот на Владата, Ковачевски да оствари билатерална средба со премиерката на Естонија, Каја Калас.