👁️  26

Претстојното издание на Копа Америка ќе биде прво во историјата на кое ќе бидат вклучени и судијки, соопшти јужноамериканското фудбалско тело (КОНМЕБОЛ).

На Копа Америка, што ќе се одржи од 20 јуни до 14 јули во САД, главни судијки ќе бидат Едина Алвеш од Бразил и Марија Викторија Пенсо од САД. Со нив ќе биде и Татјана Гузман од Никарагва, како ВАР судија.

Како помошнички ќе им се придружат Бразилката Неуза Бек, Колумбијката Мери Бланко, Венецуелката Мигдалија Родригез и Американките Брук Мајо и Кетрин Несбит.

„Ова е значајна обврска преземена од КОНМЕБОЛ во 2016 година. Целта е развој и професионализација на повеќе жени на теренот и надвор од него, како и промовирање на родовата еднаквост на различни турнири“, соопшти КОНМЕБОЛ.

Во 2021 година, Алвеш стана првата жена која судеше на ФИФА турнир во сениорска конкуренција, на Светското клупско првенство, додека Бек и Несбит судеа натпревари на Светското првенство во Катар 2022 година.

Пенсо, Мајо и Несбит се исто така избрани да судат на Олимпискиот фудбалски турнир ова лето во Париз.

ФОТО: Фејсбук