👁️  33

Македонската фудбалска репрезентација утре во 16 часот треба да полета кон Прага, место каде в сабота ќе игра против Украина, во меч од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година.

Навременото тргнување кон Прага беше под прашалник откако денеска конролирите на летање најавија дека утре ќе штрајкуваат во периодот од 11 до 17 часот. Во тој период нема да  има полетувања и следувања на скопскиот и охридскиот аеродром, но сепак македонската фудбалска експедиција навремено ќе полета кон Прага.

Контролирите на летање одлучиле дека летот на македонската фудбалска експедиција е од државен интерес и авионот ќе полета во предвидениот термин, односно во 16 часот, додека трае штрајкот.