👁️  5

Контроверзниот ирски борец Конор Мекгрегор последната борба ја имаше во јули 2021 година кога ја скрши ногата против Дастие Порие, а се очекуваше во рингот да се врати до крајот на оваа година, но очигледно тоа нема да се случи.

Директорот на УФЦ, Дена Вајт кажа дека Мекгрегор најрано би можел да се бори во април 2024 година, доколку месецов влезе во Американската анти-допинг програма (УСАДА).

„Мекгрегор се врати во теретана и тренира. Сакам да го видам во рингот следната година. Човек се менува кога има многу пари, а некои борци се борат помалку кога имаат богатство. Еден од нив е Конор“, вели Вајт.