👁️  187

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) на конференција што денеска се одржа во Битола, јавно побара пристојно, безбедно и здраво работно место, за секој работник во приватниот и јавниот сектор.

Нашата цел е да почнеме дијалог со работодавачите од приватниот сектор и од власта, и заедно да зборуваме за тоа колку е битно еден работник да биде здрав, да биде попродуктивен и да биде среќен и весел кога ќе се врати дома кај неговото семејство, истакна Благоја Ралповски, претседател на КСС.

-За нас како синдикат, освен повисоките плати и сигурноста на работното место, важно место зазема и здравјето на работното место. Целта на овие конференции е да почнеме дијалог со работодавачите од приватниот сектор и од власта, и заедно да зборуваме за тоа колку е битно еден работник да биде здрав, да биде попродуктивен и да биде среќен и весел кога ќе се врати дома кај неговото семејство, посочи Ралковски.

Учесниците на конференцијата во Битола потсетија дека безбедноста и здравје при работа е основно човеково право на сите вработени загарантирано во Уставот на Северна Македонија.

-Според статистиката на Меѓународната организација на труд, 4 насто од БДП во сиромашните земји се одлеваат за компензации за повреди и несреќи при работа. Според податоци на Заводот за статистика во нашата земја за 2021 година, тој издаток изнесува над 400 милиони евра, средства кои се одлеваат од заедничките фондови, како што се Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за социјална заштита и други фондови. Сите овие пари се одлеваат како компензации, и затоа ние работиме за подигнување на јавната свест за безбедност и здравје при работа. Ние сакаме да ги промениме овие состојби кои воедно претставуваа ризик фактор за исселување на младите од земјата, нагласи Славица Јанкова, членка на Советот за безбедност при работа, кој е во рамки на КСС.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) заедно со Solidarity Center од САД, во октомври ги одбележува Светскиот ден за пристојна работа и Европската недела за безбедност и здравје при работа. (МИА)