Овој едноставен и вкусен компот ќе ве воодушеви со своите слатки ароми и богатиот вкус на сочните праски. Тоа е совршено зимско уживање, ако воопшто ја дочека зимата…
Состојки:
килограм праски
500 гр шеќер
кесичка ванилин-шеќер
литар вода
сок од половина лимон
Подготовка:
Во тенџере измешајте ги шеќерот, ванилиниот-шеќер, сок од половина лимон и вода, па варете додека не почне да врие.
Измијте ги праските, излупете ги, исечете ги на половина и извадете ги семките.
Потоа ставете ги во измиени тегли. Кога ќе се излади водата и шеќерниот сируп, прелијте ги праските, па затворете прво со целофан, а потоа со капак.
Наредете ги теглите во поголемо тенџере, истурете вода да стигне до вратовите на теглите и варете на тивок оган додека не почне да врие.
Тргнете ги од топлина, изладете и чувајте за зимата.