Ракометарките на Крим на свој терен успеаја да го изненадат Ференцварош и триумфираа со 32:26.
Дмитриева со осум погодоци беше најефикасна во триумфот над Ференцварош. Голем придонес имаа и екс вардарките, левото крило Тамара Мавсар, како и десното крило Јованка Радичевиќ.
Кај Ференварош, некогашните членки на Вардар, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ, постигнаа по два погодоци.
Крим во претходните две кола славеше над Есбјерг, односно Заглебје. Со победата над Ференцварош, тимот предводен од Драган Аџиќ станува кандидат за едно од првите две места во групата Б.
На прва победа во Лигата на шампионите се израдува црногорскиот шампион Будуќност, кој на свој терен го совлада Савехоф со 31:30. Во третото коло победа остварија и екипите на Ѓер, Есбјерг, Вајперс Кристијансад, Икаст Битигхајм и Оденсе.
Лига на шампиони, 3. коло, резултати
Група А
Будуќност – Савехоф 31:30 (17:16)
ЧСМ Букурешт – Ѓер 23:27 (12:14)
Дебрецен – Битигхјам 26:36 (12:18)
Брест Бретањ – Оденсе 25:26 (11:13)
Група Б
Крим – ФТЦ 32:26 (15:10)
Есбјерг – Мец 29:27 (16:17)
Заглебје – Вајперс 20:34 (9:16)
Рапид – Икаст 27:35 (11:20)