Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 доби „шлаканица“ од српски Партизан и доживеа тешок пораз во СЕХА лигата (28-22). Средбата во Белград не донесе многу возбудувања на паркетот, но затоа на трибините беше доста интересно.
Домашните фанови со неколку пароли испратија провокации до македонскиот народ, а на тоа возвратија „Комити“ кои допатуваа во Белград да го бодрат својот тим.
За „Гробари“ ова не е првпат да провоцираат на ракометен натпревар против македонски тим, откако на средбата со Еурофарм Пелистер пред една година скандираа „Јужна Србија, никогаш Македонија“.