👁️  12

Комисијата која вршеше стручен надзор за случајот со родилката која скокна од прозорец на скопска гинекологија не утврди пропусти во третманот на пациентката. 5- члената комисија формирана од министерот за здравство констатирала дека со нејзе разговарал клиничкиот психолог, не примала психијатриска терапија и никаде не било регистрирано дека жената покажувала халуцинации, ниту знаци за суицидалност.

Биле направени сите неопходни медицински процедури, кај сега покојната пациентка и не била регистрирана депресивна психотична симптоматологија. Според Комисијата пациентката не изгубила контакт со реалитет и не можело да се предвиди ваков немил настан, стои во извештајот на Комсиијата испратен од мз.

Претходно, веднаш по немилиот настан ДСЗИ констатираше пропуст бидејќи дежурните на ГАК не инсистирале пациентката да ја прегледа психијатар и наложи одговорните на Клиниката да спроведат постапка за утврдување одговорност од страна на здравствените работници кои биле на смена.

39 годишната родилка почина на КАРИЛ од здобиените повреди две недели откако скокна од прозорецот на првиот кат на гинекологија.