👁️  26

Поминува скоро месец дена од случајот Онкологија каде има основани сомневања за тоа дека лековите за онколошките пациенти не завршувале на вистинска адреса, а резултати конкретни нема.

Оттука ги прашуваме надлежните

1.Зошто нема надзор и усогласеност во начинот на евиденција и работа во здравствените установи?

2.Дали случајот „Онкологија” е единствен таков случај и колку други такви случаи постојат за клиники, болници, аптеки?

3.Зошто не се кажува ништо за сивиот пазар и препродавањето лекови преку аптеките, а на терен има нула активности и транспарентост за преземените чекори?

4. Зошто кога се вовела скапата биолопшка терапија не е воведен и систем на следливост на истата?

5. Дали функционирала соодветно аптекарската служба во Универзитетска клиника за онкологија и радиотерпија?

6. Дали после извршената ревизија:

– Клиниката за онкологија има донесено интерен акт со кој ќе се уреди начинот на набавки, прием и издавање на биолошката терапија?

– Дали е спроведен вонреден попис за усогласување на сметководствената со фактичката состојба на залихата на биолошката терапија?

7. Ако навистина зборуваат за транспарентност, зошто сето ова не е ставено на увид на јавноста или барем на осигурениците?