
Автор: БУРЛИЈОВСКИ ПЕТКО – Претседател на невладината организација ,,ПРЕВЕНТ ПЛУС -Битола”.
Деновиве македонскиот парламент ги донесе измените на Кривичниот законик за намалување на казната затовор за сторителите на кривичното дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“ предвидено во чл. 353 и кривичното дело „Злосторничко здружување“ предвидено во член 394. Како поранешен инспектор во кримионалистичките служби за сузбивање на севкупен криминал и на три наврати началник на тие служби во СВР Битола сакам да дадам и свое мислење на тие измени. Но најпрво да го цитираме к.д. „Злоупотреба на службената положба и овластувањето “ 1. Службено лице кое со искористување на службената положба или овластувањето, со пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на својата службена должност ќе прибави за себе или за друг некаква корист или на друг ќе му нанесе штета ќе се казни со затвор од 6 месеци до 3 год. Кривичното дело има повеќе облици – ставови како потежок вид на к.д за што се предвидени и поголеми казни како на пример прибавена поголема имотна корист или предизвикана поголема или значителна штета, но драстични се казните за сторители на ова к.д кои имаат третман на одговорни лица, лица кои вршат работа од јавен интерес, кога к.д е сторено при јавни набавки, или на штета на буџетот на РМ или е нанесена штета на јавни фондови или други средства на државата, тогаш сторителот – лите би одговарале со казна затвор од најмалку 5 години затвор, што значи да не е одредена најгорната граница на казната затвор.
Сторители на тоа к.д можат да бидат сите лица кои имаат третман на службени лица, почнувајќи од службени лица во Јавни препријатија, државни органи како директори, началнци, министри и останати лица на високи функции.
Измените на Кривичниот законик се донесени експресно во македонското собрание со користење на европското знаменце што всушност и ги има обележијата на ова кривично дело. Измените се состојат во намалување на казната затвор за сторителите на к.д каде беше предвидена најмалата казна затвор од 3 или 5 години, а не е одредена максималаната казна затвор која можеше да се изрече и до 20-30 год.затвор, сега се одредува горната граница на 3-5 год. Потоа се брише ставот каде е предвидена затворска казна од најмалку 5 год. затвор за лица кои ја злоупотребиле службената положба и овластувањето при јавни набавки и сл. Истовремено со измените на КЗ се намалени предвидените казни затвор во к.д „ Злосторничко здружение“ предвидено во член 394. Овај член се однесува на формирање на групи или банда која има за цел вршење на к.д од областа на класичниот криминалитет (тешки кражби, разбојништва, насилства и сл), к.д од областа на недозволената трговија со дрога, к.д од областа на стопанаството (Злоупотреба на службената положба и овластувањето, Несовесно работење, Фалсификување или уништување на деловни книги и сл), к.д наречени против државата и народот како ( Тероризам и сл ). Тоа значи оние кои се здружиле да вршат кривични дела ќе се казнуваат поблаго, што е апсурд.
Неказнивоста и брзото застарување на извршените к.д дали е некаков договор помеѓу политичките партии за ослободување на поединци од казни за извршени к.д јас не знам, но очигледно со намалување на казните затвор ќе се зголеми вршењето на к.д и корупцијата во РМ од што штета ќе имаат граѓаните и државата. Мене истото ми наликува на тоа да актуелната власт е свесна да според досегашните анкети на наредните избори ќе изгуби и ќе оди во опозиција и ќе ја изгуби власта и против нивни членови кои биле на високи функции ќе бидат поведени кривични постапки за извршени к.д од областа на имотните деликти, злоупотребата на службената положба и овластувањата но и кривични дела против државата и народот како Велепредаство, Загрозување на независноста, Излагање на подбив на македонскиот народ и заедниците, Предизикување на национална, расна и верска омраза и нетрпеливост и сл. Кривичните постапки ќе се одолжуваат и ќе траат подолго со што би застареле а од друга страна ке се изрекуваат помали казни (со помали казни помал е рокот на застарување). Втора причина за намалување на казните би била ослободување на одговорност на поранешниот премиер од постапките кои се водат против него со застарување, или намалување на казните, бидејќи доколку тој се врати во РМ според кривичната постапка има право на повторување на сите постапки кои се воделе во негово отсуство. Со тоа актулната власт ќе направи раздор помеѓу раковоството и членовите на ВМРО ДПМНЕ со кое крајна корист би имала актуелната власт.
Истовремено сакам да напоменам да токму ова политичка партија која сега е на власт но под друго име 1991 – 92 год. во македоското собрание го укина членот 353 „ Злоупотреба на службената положба и овластувањето “ со изговор да се врши приватизација на државниот имот и да никој не би си направил штета на сопствениот имот (сите видовме каква приватизација-грабализација се изврши). Покасно нас вработените во органите за внатрешни работи и ЈО ни беа врзани рацете за поведување на постапки против поединци кои вршеа к.д и баравме начин да по други калсификации за к.д поведуваме постапки. Откако тоа се констатира но и да полицијата и ЈО не се доволно ефикасни истите тие 2002 год. предложија тоа кривично дело се врати во Кривичниот законик на РМ што и тогашната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ го направи и да алегоријата биде поголема токму по тој член од законот вмровските функционери беа гонети и осудувани.
Накрај мислам да со намалувњето на казните затвор за извршени к.д севкупниот криминалитет во РМ ќе се зголеми и ќе се намали правната сигурност на граѓаните, воедно напоменувам да казнената политика влијае и превентивно кај останатите да се откажат во намерата и не вршат к.д. Во однос на законот кој се предлага, а се однесува на амнестија на осудените лица кои издржуваат казна затвор, би кажал да амнестија имало од памтивек, и Осмалиска Турција ги амнестирала комитите, но не му дозволувале да се занимаваат со политика. Амнестијата безусловно треба да важи за сите осудени лица подеднакво и само така би била правична. Но според моето искуство со амнестирањето и ослбодувањето на осудените лица веднаш се зголемува креминалитетот од кои штета ќе трпат граѓаните.
18.09.2023 год.
Битола