👁️  26

Колумбиските безбедносни сили запленија 1.100 тони кокаин за 12 месеци, што претставува нов рекорд, изјави претседателот на земјата Густаво Петро.

– Од почетокот на работата на оваа влада ги следевме главните алки во синџирот на трговија со дрога, запленивме 1.100 тони кокаин и го зголемивме бројот на уништени нарко-лаборатории за 16 отсто во однос на претходниот период, рече претседателот во обраќање по повод првата годишнина од доаѓањето на власт, соопштија од неговата прес-служба.

Според Петро, само годинава органите на прогонот заплениле 573 тони кокаин, што, како што рече, е највисока цифра во историјата за истиот период. Посочи дека во текот на 12 месеци на територијата на државата се извршени 290 операции против криминални структури при што се уапсени повеќе од 9.000 лица.