👁️  852

Мечот меѓу Катар и Еквадор доби вкупнот продожение од 10 минути во двете полувремиња, но денешните натпревари од вториот натпреварувачки ден ги натера светските медиуми да ја пронајдат неодамнешната изјава на Пјерлуиџи Колина, кој всушност најави дека на овој мундијал ќе се играат многу подолги натпревари.

Овој тренд треба да продолжи на сите натпревари на Светското првенство, а причина за тоа е фактот што сега одговорните лица во ВАР ја мерат активната игра во текот на 90-те минути.

– Тоа што веќе пичнавме да го правиме во Русија, сега ќе го правиме почесто. Ќе го компензираме времето кое е загубено. Им најавивме на сите да не бидат изненадени кога ќе го видат четвртиот судија како подигнува табла со продолжување од шест, седум или осум минути. Ако сакате поактивна игра во фудбалот, мора да бидеме подготвени на вакви продолженија. Ќе дадам за пример меч со три гола. Една прослава одзема околу една, една и пол минута, вкупно тоа се пет или шест минути. Сега ќе го калкулираме загубеното време во секое од полувремињата и очекуваме да бидеме успешни во Катар, – најави Колина.