Директорката да си поднесе оставка, а негувателката да биде суспендирана до разрешницата, очекува градоначалникот на Велес, Марко Колев за случајот во велешката градинка каде негувателка на децата им нудела електронски цигари.
Тој за вестите на Канал 5 истакна дека до него информациите ги пренеле загрижени родители врз основа на раскажувањата на децата кои пренесувале и каков вкус имале цигарите.
– Дечињата едно по едно почнуваат сами да си кажуваат дома што се случувало, тоа не е еднаш, тоа се случувало во неколку наврати. Според информациите кои ми ги кажуваат родителите, тие не може да лажат тие се искрени и кажуваат дека еден цигарата мирисала на еден вкус, друг ден на друг вкус. Тоа се раскажувањата од родителите што правеле дечињата, рече Колев за канал 5