👁️  68

Колегите не се ни сомневале дека минатонеделникот концерт на „Танец“ ќе биде негов последен настап, нивна последна средба, бидејќи веќе од утре дента заминал на боледување. Неговиот последен настап бил минатата недела.

-Не ми помислувавме дека тој настап ќе биде наша пследна средба. Излезе на сцена, испеја само како што тој знаеше, најдобро, и замина на боледување. Последните денови здравјето ептен му се влошило и завршил на клиника до последно кога му откажал црниот дроб, велат негови колеги за ММС.

Незаборавни ќе останат не само неговите фолк песни, туку и преработките на стари македонски песни во етно стил.

-Но, и покрај неговите квалитети не успеа да го постигне тоа што го планираше, а имаше големи цели. И оправдани беа неговите очекувања, бидејќи беше свесен за квалитетот. Апсолутен слухист, добар композитор, а за вокалот да не зборуваме, велат негови колеги.

„Без музика не се може“, велеше тој.

Далибор или Даки, како што сите го викаа, целиот својот животен и професионален пат со мзиката, која е негова љубов и определба уште од најрана возраст,преку нижото и средното музичко училиште, сѐ до Факултетот за музичка уметност во Скопје.

Како што информира неговата матична куќа, тој во Националниот ансамбл Танец се вработува во 2007 година, каде за време на 16-те активни години, како вокален солист и како дел од различни ансамблови состави, остварува 363 концертни настапи, дома и надвор. За само четврт век, со Танец настапи во 23 држави во Европа, САД, Азија, Африка. А статистиката вели и дека има исполнето над 300 песни пред вкупен аудиториум од речиси 100 илјади посетители. Незаборавни се неговите изведби на песните „Дејгиди, луди, млади години“, „Учи ме мајко, карај ме“, „Кирјана вино продава“, „Јовано, Јованке“ и многу други.

За време на својот краток, но плодотворен живот, остави голем број на безвременски интерпретации на изворни и новосоздадени песни во народен дух, кои трајно ќе останат во аналите на македонската народна музика. Ѓошиќ со право важеше за еден од најдобрите гласови во Македонија.

Далибор зад себе го остави синот Стефан, за кој длабоко од душата посакуваше да чекори по неговите стапки, па дури и му направи песна за детско фестивалче.