👁️  12

После скоро една година откако веќе сум повлечена од оваа тема, живеам во друга земја и се посветив на други активности, за добредојде во мојава Македонија ме пречекува вест која ми создава тага и огромно разочарување, вели пејачката Биба Додева и првиот човек на Здружението „Борка“.

Таа во објавата на Фесјбук, а која се однесува на големиот скандал на Клиниката за онкологија, вели:

-Занемена сум деновиве, премногу разочарана и револтирана, бидејќи 15 години од својот живот посветив и го дишев секој ден во тие години за да помогнам, да се борам рамо до рамо со најтешко болните и нивните семејства, заедно со сите мои соБОРКИ и колеги, за да се подобри системот во кој живееме, за да има секој човек право на лек, право на навремена дијагноза, право достоинствено да се лекува и бори за својот живот и право достоинствено да замине од овој свет, вели таа и додава:

-Сите вие што сте вмешани во тој монструозен чин, сте знаеле и сте гледале што се случува, а сте молчеле и со тоа сте го поддржале тој злочин, ќе ви пресуди Господ! Едноставно згрозена сум, не можам да ја замислам монструозноста на тој чин – свесно да им ја крадеш терапијата на луѓето кои се борат со најлошото сценарио, ракот. Кој покварен ум треба да го имаш, наместо терапија да им ставаш вода? Па последната трошка надеж на секое едно семејство кое се бори со ракот ни ја утепавте, мамето ваше, вели Додева во објавата на Фејсбук!