👁️  19

Експертите за Фенг шуи открија дека е крајно време да се збогуваме со елката и празничните украси

Со православната новогодишна ноќ изминатиов викенд и официјално заврши празничната сезона.

Ова со себе носи свест дека се ближи времето да се раскити елката и да се отстранат новогодишните и божиќните украси од домот, од терасата, од дворот.

Овој момент е најтежок за децата и љубителите на празничното украсување, но се има крај! Знаете ли кога е правилно, да не речам крајно време, да се збогувате со елката и празничните украси?

Учењето за фенг шуи вели дека украсите и елката не треба да се чуваат долго по празниците, бидејќи тоа значи дека „останувате во минатото, наместо да одите во иднината, во пролетта што доаѓа“. Општо земено, ова источно учење смета дека ништо што ја послужило својата цел не треба да се чува во куќата.

Според едно непишано фенг шуи правило, елката наводно треба да биде отстранета до 18 јануари.

Некои, пак, велат дека зависи од тоа кога сте ја украсиле куќата. Колку повеќе минува времето, толку е полошо, бидејќи на сите тие украси се собира прашина.

Секако, доколку сакате, декорацијата можете да ја чувате онолку колку што сакате, но доколку се работи за природна елка, внимавајте да и паднат иглите или дрвото е видливо дехидрирано, особено ако имате извор на струја во близина. Исто така, ако мирисате на влага околу елката, крајно време е да ја раскитите и да ја вратите во природата.