👁️  19

Семејството на 27-годишниот Алпај (Џани) Муфти од Охрид испраќа апел за помош до сите добронамерни луѓе.

-Kобна сообраќајка му го смени животот на Алпај, младо момче на 27 години, скромно, воспитано, љубезно дете од прекрасно семејство. Тој неодамна се здоби со сериозни повреди, кои се опасни по живот, заради што е сместен во болницата „Систина“ во Скопје каде две недели беше во кома. Потребата од повеќе хируршки интервенции и процесот на лечење кој е бавен, носи високи трошоци, кои семејството не може целосно да ги подмири и затоа е потребна помош. Надежта е во народот знаен и незнаен. Кој колку има, кој колку може, за да му помогнеме на ова момче повторно да го живее животот со иста насмевка полна добрина и срдечност при секое „добро утро“. За Алпај од срце, порачуваат организаторите на акцијата за помош.

Oтворен број за донации преку мобилниот оператор А1. Сите кои сакаат и можат да помогнат, истото можат да го направат преку вртење на телефонскиот број 077/143-468.

Донации и на бројот од Телеком 070/143-424.

Информации за донации можат да се добијат и на телефонот: 076/337-337