Германскиот стратег на клупата на Ливерпул Јирген Клоп по големата сага изјави дека тој е презадоволен од односот на Салах и дека репрезентативецот на Египет не изразува желба за заминување од „Енфилд“.
„Мо е многу посветен, тренира како и претходно. На состанокот кој го имавме се истакна со своите лидерски способности. Мораме да ги разгледаме фактите, а еден до нив е тоа што јас сум презадоволен од неговото залагање и дека се е во ред кога станува збор за неговиот статус во клубот“, вели Клоп.