Кошаркарите на Пелистер ја започнааподготовките за новата сезона, четврта со тренерот Марјан Илиевски на клупата.

По едно трето и две втори места во првенството и две сезони во АБА2 лигата, битолскиот клуб се етаблираше во реалност во мак-кошарката.

Нови имиња во зелениот дрес во сезоната која почнува на први октомври се Костоски, Хот, Стојановски и Американците Бернард и Банди.


На прозивката се појавија и претставници на навивачката група „Чкембари“, кои им дадоа поддршка на кошаркарите, стручниот штаб и новата управа.

Во следните седум дена битолчани ќе тренираат во својот дом, а потоа се селат на подготовки воо Србија. на Златибор планирани се два теста против Чачак и Сутјеска, а потоа гостување во Самоков. Битолската публика новиот Пелистер првпат ќе може да го види на 22 или 23 септември, кога Балкан од Бугарија ќе гостува во Битола