👁️  19

Кошаркарите на Студентски Центар направија големо изненадување и славеа над Партизан со 83:81 во вечерашното финале на Суперкупот во АБА лигата.

„Црно-белите“ беа апсолутни фаворити против популарните студенти, но црногорскиот тим максимално се бореше на средбата во Подгорица, даде се од себе и се доведе во ситуација да решава една топка.

Во последниот напад за Студентски Центар одговорноста ја презема Капуста кој успеа да даде тројка за големо задоволство на домашните навивачи.

Доукинс со 18 поени беше прв стрелец кај победникот, додека за гостите од Белград залудни беа 23 коша на Пантер.