👁️  19

Дали тендерите од Пановска кон Пановски фрлаат црна дамка на Kлиниката за хематологија?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Договорот за набавка склучен на први септември со веледрогеријата АД Д-р. Пановски не е прв договор кој оваа клиника го склучила, каде директорка е ќерката, а понудувач таткото.

Бизнис интересите и тендер политиките што оваа власт на СДС и ДУИ со години ги спроведуваа насекаде, па и во здравството, резултираа со урнисан здравствен систем, погазени права на пациентите и незадоволни лекари кои масовно го напуштаа јавното здравство.

Во овој случај каде се добива одговор дека една изјава за изземање го оправдува доделувањето тендери од еден на друг во кругот на семејството се поставува прашањето каде е моралната вертикала која ќе спречи злоупотреба на процесот или судирот на интереси?

Дополнително, ако се отвори веб страната на ЈЗУ УК за хематологија ќе се увиди дека последен објавен годишен план за јавни набавки е во 2021 година. Каде е транспарентноста за која зборуваат, и уште поважно зошто не се објавени годишните планови за јавни набавки за 2022 и 2023 година?

Ваквите состојби во здравството придонесуваат да расте недовербата во јавното здравство и може да се заклучи дека со власта на СДС и ДУИ единствено што се менува во здравството се луѓето кои седат на министерските фотелји, додаваат од партијата.