👁️  593

СВР Куманово поднесе кривична пријава против И.М.(36) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда“.

Пријавениот, во неколку наврати, на мобилен телефон испраќал СМС пораки со закани кон жена од Куманово дека ќе ја запали куќата на нејзиниот брат ако не му даде 5.000 евра.

За тие пари тој тврдел дека му ги должел нејзиниот брат.