👁️  5

Светските претставници кои го повикале Сергеј Лавров, шефот на руската дипломатија на Генералното собрание во Обединетите нации(ОН) треба да ja преиспитаат нивната одлука. Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски додека посетуваше болница во Њујорк од кадешто треба да се упати кон ОН и да одржи говор.

– За нас е многу важно сите наши зборови и пораки да ги чујат нашите партнери. Ако во Обединетите нации сѐ уште има место за руските терористи, тогаш тоа е прашање за сите членки на ОН – изјави Зеленски од болницата каде се лекуваат украински војници, пренесува Укринформ.

Генералното собрание на ОН ќе биде првпат од почетокот на војната Лавров и Зеленски да се сретнат „лице в лице“.

Кога Зеленски беше прашан дали ќе остане во просторијата за време на говорот на Лавров, тој рече:

– Не знам како ќе биде, навистина.

Зеленски слета во Њујорк со својата сопруга Олена.

I started my visit to the U.S. with the most important thing: meeting our wounded warriors at Staten Island University Hospital.

I thanked them all for their service and wished them a speedy recovery.

I also thanked and awarded medical personnel and the Kind Deeds foundation. pic.twitter.com/VPO5ytor7s

— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) September 18, 2023